Суси опериран, се враќа на пролет

Битолчани денеска информираа дека Мухамед Суси е успешно опериран и дека нема да биде на располагање до крајот на календарската година.



Битолчани објавија дека овој зафат бил неопходен за левиот бек да ги отстрани проблемите со повредата која ја влече подолг период. Оперативниот зафат во родниот Тунис минал во најдобар ред и наскоро Суси ќе го започне рехабилитациониот период.
Искусниот бек ќе ги пропушти преостанатите четири натпревари од Европската лига и групата Б на Суперлигата до крајот на годината. Негово враќање се очекува на почетокот на јануарските подготовки за вториот дел на сезоната.
На терените Суси предвидено е да заигра на пролетните натпревари во домашните и интернационалните натпреварувања.

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk