Веспрем се разделува со Петар Ненадиќ

Унгарскиот вице-првак денеска објави дека нема да му го продолжи договорот на српскиот интернационалец Петар Ненадиќ и му посака среќа во изборот на нов клуб. 



Малку по малку нема да остане ништо од Веспрем што го познававме неколку години. По Манасков, Македа, Благотиншек, најавеното растурање на голманскиот тандем, веројатно заминување и на Штрлек, потоа потврдено заминувањето на Расмус Лауге, денеска клубот инфорираше дека си оди и Петар Ненадиќ. 

Низ кулоарите со пола уста се зборуваше за ваков маневар, но скептично беше дека Веспрем така лесно ќе се ослободи од Ненадиќ кој игра одлично.
Но, денеска Веспрем објави дека нема да му го продолжи договорот што истекува во јуни и Ненадиќ ќе биде слободен играч. 


 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk