Вардар (Н) се врати од минус седум за победа, херој - Ангелов

Екипата на Вардар Неготино ја запиша првата победа во Супер лигата. Неготинци одиграа еден од најдраматичните натпревари сезонава во кои се врати од минус седум и на крајот уште и одбрани пенал во последната секунда.


Куманово водеше 12-7 и 15-9 на полувреме на свој терен против екипата на Вардар Неготино. Имаа водство кумановци и од 18-12 пред да почне враќањето на гостинскиот терен во игра. 
Неготинските ракометари намалија на 15-18 и ја вратија неизвесноста во играта, а на пет минути до крајот беше 23-23.
Потоа во игра гол за гол стигнаа и до 26-26, а во последната минута поведоа 27-26. Имаа шанса и за мирен финиш, но не ја искористија, па домашните изнудија пенал.

Македонската ракометна легенда, Петар Ангелов Диви застана на голот и го одбрани седмерецот за прва победа на Вардар Неготино сезонава во Супер лигата. 
Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk