Висла не ги пушта репрезнтативците

Полска е домаќин на претстојното машко Светско првенство. Но, нивниот селектор има проблеми со одработување на планот за подготовки. Тренира со резервни играчи. 



Патрик Ромбел и полската федерација се најдоа во проблематична ситуација затоа што тренерот на Висла Плоцк, Хавиер Сабате не сака да ги ослободи репрезентативците за подготовки на националниот тим. 
Објаснувањето на Висла и на Сабате е дека наскоро им следи меч со Келце и немаат намера да ги ослободат играчите. Полската федерација се интервенираше, но без успех, Висла и Сабате останаа на своето.
По ова, од вкупно шест повикани, федерацијата на Полска ослободи и двајца играчи на Келце (Симон Сичко и Аркадиуш Морито) додека другите четири останаа во тимот. 



 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk