Денеска игра Македонија, каде да гледате?

Денеска во Скопје се игеа последниот ден од прелиминарната рунда на натпревари од ЕП. Дали ќе биде последен за Македонија на ова ЕП, зависи од исходот на мечот со Романија. 



Македонија или Романија? Денеска се игра клучниот натпревар за опстанок на првенството. Македонија од улога на аутсајдер ќе го игра и овој натпревар и би било вистинска сензација ако успее да направи подвиг. 
Противникот нема титули зад своето име како Франција и Холандија, но факти што треба да ги знаете за Романија пред да калкулирате со резултатот се дека тие ја имаат најбогатата женска лига во светот.

Првите пет екипи во Романија во женското првенство имаат буџет поголем од 2 милиони евра по сезона. Вкупно во нивниот шампионат, по сезона се „вртат“ околу 20 милиони евра. 
Во Македонија на пример, да не претеруваме, прашање е дали сите екипи вкупно имаат буџет поголем од 500.000 евра.

Почнете од таму, па продолжете кон играчкиот кадар. Да не одиме во бескрај, ќе споменеме дека таму игра Кристина Неагу која четири пати беше прогласувана за најдобар светски играч од ИХФ. Таму е и Крина Пинтеа, пикер со физички предиспозиции да може да се бори со најдобрите од машка конкуренција...

Сеедно, Македонија на ова првенство прикажа борбена игра, бескомпромисна и заслужи поддршка од јавноста без разлика на резултатите. Сепак, ова е враќање на сцената и од нив очекуваме повеќе и на резултатски план како што ќе минува времето. 

Натпреварот денеска ќе биде пренесуван на МТВ 1 и МТВ 3. Почнува во 18.00 часот.
Од 20.30 часот ќе можете да го следите мечот меѓу Франција и Холандија, битката за првото место. 



 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk