Полман се заљуби во македонскиот ајвар

Една од најпознатите и најдобрите светски ракометарки, Холанѓанката Естевана Полман деновиве можеме да ја видиме во Скопје на натпреварите од Европското првенство во ракомет што се игра во „Борис Трајковски“. 



Естевана Полман надвор од ракометниот свет позната и како сопруга на фудбалерот Рафаел Ван дер Варт си има своја база на фанови меѓу ракометната публика во Скопје. 

Контактите, пак, со нив и донесоа нов момент во кој веруваме ќе ужива засекогаш. По натпреварот меѓу Холндија и Макеоднија, доби на подарок домашен ајвар за кој вели дека е нејзиното омилено јадење. 

Холандија вчера обезбеди пласман во главната рунда на ЕП, а Еставана Полман ќе остане во Скопје до крајот на главната рунда и ќе има можност покрај ајварот да проба и други традиционални македонски специјалитети. 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk