Нов договор за Кањељас

Шпанскиот ракометар Џуан Кањељас ја прифати понудата на Кадетен Шафхаузен од Швајцарија за нов договор.


Трансферот на поранешниот играч на Вадар, Џуан Кањељас од Пик Сегед во Кадетен Шафхаузен во 2021 година беше своевидно изненадување. Но, очигледно дека шпанскиот ас добро бираше, па договорот од две ќе стане четиригодишен.
Кадетен му понуди, Кањељас прифати и останува во Швајцарија до јуни 2024. 

Ако не знаевте: Кањељас со години има настапувано за гиганти како Барселона, Сиудад подоцна Атлетико, Хамбург, Кил, Пик Сегед, но само еднаш бил европски шампион - во 2017 година со Вардар. 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk