Нови три бода за Алкалоид, Прилеп немоќен во Скопје

АЛКАЛОИД - ПРИЛЕП   37-22 (19-12)
Сала: „Јане Сандански“ во Скопје. Судии: Ѓорѓи Василевски и Блаже Михајлов. Делегат: Драган Начевски
Алкалоид: Трајковски, Галевски 2, Димевски 1, Маркоски, Стојков 3, Младеновиќ 2, Серафимов 4, Илиески 4, Стојковиќ 3, Митев 3, Ѓоргиев 2, Иваноски 4, Симоноски 2, Тодески 1, Кофилоски, Петковски 6
Седмерци: 4/4  Исклучувања: 6 мин.
Прилеп: Јорданоски, Дамчески, Бикоски 1, Вренцоски, Ангелески, Уча, Шокоски 5, Бурчевски, Лозаноски 3, Чантурија 1, Павлов 1, Христоски, Миријани 2, Стојкоски, Ѓоргиески 9
Седмерци: 1/1 Исклучувања: 8 мин.


Денеска продолжија натпреварите од осмото коло од Супер лига, а на првиот одигран натпревар денеска, Алкалоид го совлада Прилеп и ја зголеми разликата на табелата пред Бутел Скопје и Охрид. Овбие два тимаи утре ќе играат меѓусебе во дерби на колото. 
Прилепскиот состав добро се снаоѓаше на почетокот на натпреварот и на почетокот на натпреварот диктираше резултат.  Последен пат водеа 5-4 гостите, а потоа Алкалоид почна да влегува во свој ритам мошне брзо воспостави контрола врз играта и резултатот и полека почна да го зголемува водството. 

Алкалоид имаше во следниот период два до три гола предност (9-7, 11-9), а потоа пристигна влезе во вистински ритам и со серија од 7-2, стигна до убедливо водство од 19-12 што беше и резултат на полувреме. 

Во вториот дел беше потврдена доминацијата на Алкалоид. Разликата набрзо стана двоцифена и мечот до крајот се играше рутински до конечните 37-22. 

 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk