Лекција за Норвежанките каква немале 10 години

Женската репрезентација на Норвешка одигра контролен натпревар со Холандија, репрезентација што наскоро ќе ја гледаме во Скопје. Меѓудруго на дуел и со Македонија. 



Холандија ја совлада Норвешка со 33-24, а толкав пораз Норвешка нема доживеано уште од 2011 година! 
Настрана тоа, Норвешка остана и без Марен Ардал, ракометарка која во отсуство на Братсет Дале важи за најдобар дефанзивец. Прашање е дали ќе стигне да се рехабилитира за настап на ЕП.

Холандија, со која ќе си имаме работа во скопје демонстрираше сила и врвна форма. Вечерва играат нов натпревар, противник ќе им биде Бразил. 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk