Викендов се игра Супер лига, каде да гледате?

По седум одиграни кола во машката Супер лига, дојде редот екипите да ги играат возвратните натпревари. Две средби веќе се одиграа, а дерби натпреварите се закажани за утре.
Денеска, сепак, ќе има убав ракомет во понудата Прилеп ќе гостува на Алкалоид во Скопје, а Струга ќе го предизвика Куманово како гостин. Првата средба одграна во Струга беше резултатски неизвесна, да видиме како напредувале во меѓувреме. 

Во групата „Б“, Јуниор Кисела Вода има шанса да го поправи бодовното салдо на дуел со Радовиш. Ова е дерби од долниот дел на табелата. 
Т. Пролет ќе игра против Голден Арт на натпревар што не смее да го загуби, за да не го загуби чекорот и шансата да биде втор на крајот на регулатрниот дел од сезоната. 

Директен ТВ пренос  е најавен од утрешното дерби што ќе го играат Тиквеш и Е. Пелистер 2, интернет пренос има од сите натпревари. Кликнете на линкот подолу на текстот за да дојдете до делот за преноси во живо на РФМ.




Група „А“ 
Вардар 1961 - Вардар (Н)  41-19 (18-11)
16:00  Алкалоид - Прилеп (сабота)
19:00  Куманово - Струга (сабота)
18:30  Охрид -Бутел (недела)

Табела: 1. Вардар (24). 2, Алкалоид (18), 3. Бутел Скопје (15). 4. Охрид (12). 5. Струга (7), 6. Прилеп (7). 7. Куманово (3), 8. Вардар Неготино (0)

Група „Б“
Скопје - Е. Пелистер  20-25 (12-15)
18:00  Јуниор К.В. - Радовиш (сабота)
18:30  Т. Пролет - Голден Арт (сабота)
18:00  Тиквеш - Е. Пелистер 2 (недела) - ТВ пренос на МТВ

Табела: 1. Е. Пелистер (22), 2. Е. Пелистер 2 (16), 3. Т. Пролет (14), 4. Тиквеш (13), 5. Голден Арт (9), 6. Скопје 2020 (6), 7. Радовиш (2)., 8. Јуниор К. Вода (1) 

Сите натпревари од Машката Супер лига, вклучително и натпреварите што викендов ќе се играат во Првата лига можете во живо преку стримингот на РФМ да ги гледате на Јутјуб со клик на Линков

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk