Е. Пелистер со домашен пораз почна во Европската лига

ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР - СКАНДЕРБОРГ АРХУС    27-30 (12-16)
Е. Пелистер: Лесјак (6 одб), Кизиќ ( 6 одб) Хенеберг 5, Костески 4, Хосни 5, Кузманоски 4, Атанасијевиќ 3, Ојлески 1, Пешевски 1, Танкоски 3, Василев 1, Кукоски, Сери, Дејвис, Радовиќ
Скандерборг - Архус: Вест ав Теигум 11, Сомер 5, Мелеруп 5, Гаде 4...


Разочара битолски Е. Пелистер на стартот на Европската лига. На домашен терен против еден од аутасајдерите ( на хартија), запиша пораз. Не се само бројките туку и играта беше разочарувачка, особено несигурниот напад кој им овозоможи на данските играчи речиси пола од головите да ги постигнат од контра напад. 

Носени  на крилјата на публиката и со головите на Танкоски и Кузманоски, Е. Пелистер поведе со 3-1 и 4-3. Потоа следуваше исклучување на Скаруп Гаде, па Скадерборг тргна во игра без голман и набрзина прими три гола во празната мрежа. Битолчани поведоа со 7-3, а гостите успеваа да направаш вишок преку десното крило Теигум Вест и се одржаа во игра. 

Екипата на Скандерборг, тоа мораме да го признаеме играше убав за око ракомет со одлична транзиција и хируршки прецизни додавања во транзицијата од одбрана во напад. 
Откако се прилагодија на битолскиот напад, а и на ротацијата на Ларс Валтер, нивната одбрана почна да дава резултати. 
Почнаа да се редат контра напади за кои битолчани беа немоќни да ги спречат. Грешеа во одбрана, нешто повеќе од шест минути не постигнаа гол, а Данците тоа го казнија со серија од 7-1 и на крајот на првиот дел имаа предност од четири гола (16-12).

Е. Пелистер почна силовито и во вториот дел, намали на минус два и имаше напад за минимална негатива. Тој напад не пројде и беше казнет со контра напад, а истата ситуација се повтори и во следниот напад и одново Скадерборг беше на плус четири (18-14). 

Данците не играа нешто особено во нападот, но нивната транзиција беше перфектна и додека битолчани се мака мачеа за секој гол, гостите своите ги постигнуваа главно од контра напади. За прв пат на натпреварот плус пет имаа во 38 минута со осмиот гол на крилото Вест за 21-16. 

Пелистер во беше пред сигурен пораз затоа што разликата од пет гола некако се стандардизираше во следните неколку напади.

Со влегувањето на Павле Атанасијевиќ и Марко Кизиќ почнаа да се менуваат работите на теренот. Кизиќ собра одбрани пет удари, Атанасијевиќ постигна три гола, а Пелистер се врати на минус еден, со голот на Пешевски во 56 минута (26-27).
Следеше гол за Данците, водство од 28-26, па се обиде уште еднаш или поточно двапати Атанасијевиќ да го врати својот тим во игра, но овој пат неуспешно. Не погоди, Скандерборг како и низ текот на целиот меч безмилосно казнуваше и поведе до 30-26 гостинскиот состав. 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk