Се повреди замената за Пешевски во Штутгарт

Сите повреди добиваат специфична тежина поради близината на Светското првенство. Сега Шведска е во проблем затоа што вон терен е еден од нивните најдобри играчи од претходното ЕП. 


Шведскиот пивот Оскар Бергендал се повреди на последниот меч на Штутгарт и докторските прогнози се дека нема да биде на терен во следните шест до осум недели. 
Двомесечната пауза што е пред Бергендал e главоболка сосема извесно и за шведскиот селектор кој не планира обемни подготовки, туку освежување на играчите пред настапот на мундијалот. 

Оскар Бергендал потпиша за Штутгарт во текот на ланската сезона, а неговата цена драстично скокна по настапот на Европското првенство во Унгарија и Словачка на која Шведска го освои златниот медал, а Бергендал како играч во два правца беше еден од најкорисните во тимот, a на целиот шампионат беше прогласен за најдобар дефанзивен играч. 

Тој летово се пресели во Штутгарт, од каде што од позицијата пивот си замина македонскиот репрезентативец Жарко Пешевски. 

 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk