Преглед: Собир на дамите, драматично дерби за Е. Пелистер и Алкалоид...

Зад нас е продолжен викенд во кој што ракометот не паузираше, туку имаше мноштво акција. Прочитајте се што пропуштивте деновиве:



Женската репрезентација на Македонија го имаше првиот собир и ги почна последните подготовки за настап на Европското првенство на кое настапува во улога на ко-домаќин заедно со Словенија и Црна Гора. 

Во машката Супер лига, Алкалоид го доби големото дерби со Бутел Скопје (21-19) и потврди уште еднаш дека е најголемото освежување во Супер лигата и воопшто на ракометната сцена кај нас. Дебитантот во Супер лигата, сега има скор од шест победи и еден пораз, со што по првиот круг се наоѓа на второто место во групата со 18 освоени бода. 
Резултати „А“ група: 
Алкалоид - Бутел Скопје 21-19, Охрид - Вардар (Н) 28:25, Прилеп - Куманово 33-29, Вардар - Струга 36-23
Табела „А“ група:
1. Вардар (21 бод), 2. Алкалоид (18), 3. Бутел Скопје (15), 4. Охрид (12), 5. Струга (7), 6. Прилеп (7). 7. Куманово (3), 8. Вардар Неготино (0)


Во групата „Б“, Е. Пелистер се наоѓаше пред пораз на гостувањето кај Т. Пролет, но со голем пресврт во последните десет минути успеа од минус пет да стигне до победа. 
Резултати „Б“ група:  Т. Пролет - Е. Пелистер 23-24, Јуниор К. В. - Е. Пелистер 2   28-33, Тиквеш - Голден Арт 28-21, Радовиш - Скопје  23-24
Табела „Б“ група:
1. Е. Пелистер (19), 2. Е. Пелистер 2 (16), 3. Т. Пролет (14), 4. Тиквеш (13), 5. Голден Арт (9), 6. Скопје (6), 7. Радовиш (2), 8. Јуниор К. Вода (1)

Екипата на Охрид реши да го раскине договорот со српскиот десен бек Никола Грубиќ. Неодамна охриѓани ангажираа друг странски десен бек, Дејан Шешиќ од БиХ и тој останува во екипата. Грубиќ, неофицијално, продолжува во Луксембург. 

Магдебург го одбрани шампионскиот пехар на Светското клупско првенство. Во финалето, германскиот тим ја совлада Барса со 41-39 по продолженија. Третото место го освои Келце, четвртото египетскиот Ал Ахли. 

Женската репрезентација на Франција во Скопје ќе допатува ослабена, затоа што еден од двата први голмани, Лора Глосе од ЧСМ Букурешт се повреди. 

Романија можеби нема да може да смета на стартот на ЕП на корпулентниот пивот Крина Пинтеа која има проблеми со колкот и прашање е колку време ќе и треба за да го надмине овој проблем. 





 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk