Савевски во проблем: Колку повредени играчи отпаѓаат за ЕП?

Најголемиот ракометен настан е на прагот. Европското првенство во женска сениорска конкуренција на кое Македонија е ко-домаќин стартува за помалку од 20 дена. 



Селекторот на женската ракометна репрезентација, Љубомир Савевски се соочува со сериозни проблеми во составувањето на списокот на ракометарки кои ќе настапат на Европското првенство. 

Една од најискусните ракометарки, Елена Ѓоргиевска не стигна навреме да се рехабилитира од повредата и нема да биде дел од македонската репрезентација на ЕП. 
Уште една искусна ракометарка, Марија Штериова исто така нема да биде дел од репрезентацијата поради повреда. 
На списокот на повредени ракометарки е и Бојана Коцева, а нема да ја видиме и голманката Матеја Серафимова. 
Ова се четири ракометарки кои го пропуштаат првенството, а не е ни конечен списокот, за жал може да биде и проширен. 

Вакво отсуство сигурно ќе се одрази на нашиот тим, а Савевски со нови главоболки е приморан да бара нови решија и дизајни за играта. Македонија во прелиминарниот дел, во Скопје, ќе се сретне со репрезентациите на Франција, Холандија и Романија. 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk