Е. Пелистер го задржа и Ѓорговски

Еурофарм Пелистер продолжи да се екипира за следните неколку сезони. Откако неодамна ги продолжи договорите со младите Костески и Кузманоски, сега потпиша продолжение на договор со уште еден стружанец. 



Емилијан Ѓорговски, ракометар кој потекнува од Струга, а пред да дојде во Битола играше за Голден Арт КЛ7, потпиша нов договор со екипата на Еурофарм Пелистер и останува верен на битолскиот клуб до 2025 година. Битолчани денеска го промовираа новиот потпис на Ѓорговски. 

„Голема благодарност до екипата на Еурофарм Пелистер 2, со која имав голем напредок и потоа остварив голем успех и затоа потпишав за Еурофарм Пелистер. Наскоро почнува групната фаза на Европската лига и верувам дека ќе дебитирам. Со големо искуство е тренерот Ларс Валтер, многу учам од него и се надевам дека ќе созреам во професионален играч“, изјави Ѓорговски.

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk