Преглед: Голема победа на Македонија, Чаир во трето коло, Грција пред порта на ЕП

Машката сениорска репрезентација на Македонија одигра уште еден одличен натпревар и веќе е со едната нога на Европското првенство што ќе се игра во Германија 2024 година.
Македонија вчера ја совлада како гостин репрезентацијата на Турција (36-27) и има четири бода на салдо. Следно од овие квалификации е борбата за првото место со Португалија. 



Екипата на Чаир се пласираше во третото коло од Европскиот Куп и сега таму имаме две екипи. Ѓорче Петров и Чаир.
Скопскиот состав по минималниот пораз од косовскиот Истогу во првиот меч, на реваншот победи со 33-26 и се избори за историски резултат за клубот и пласман во следната рунда. 

Репрезентацијата на Грција го повтори успехот од 2018 година кога успеа на домашен терен да слави против Македонија во квалификации за ЕП. Грците вчера ја совладаа репрезентацијата на Холандија која настапи без плејмејкерот Лук Стеинс (32-28) и со оваа победа се многу блиску за прв пат во историјата да се пласираат на Европско сениорско првенство. 
За Македонија е битно на конечната табела, Грција да биде пред Холандија поради подоцнежната распределба на местата во ждрепката. Во оваа група се уште и Хрватска и Белгија.

Репрезентацијата на Романија славеше победа над Украина (34-26) во квалификациите за ЕП. Со оваа победа, Романија е блиску по пауза од 28 години да се пласира на машко сениорско Европско првенство. 

Македонија, Португалија, Норвешка, Србија, Исланд, Чешка, Австрија, Хрватска, Унгарија, Швајцарија, Црна Гора, Словенија, Франција и Полска се репрезентациите што по две одиграни средби од квалификациите имаат освоено четири бода и се речиси сигурно пласирани на следното ЕП во Германија. 





 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk