Македонија ја збриша и Турција, со една нога е на ЕП

ТУРЦИЈА - МАКЕДОНИЈА  27-36  (8-17)
Сала: Нур Татар Спор Салон во Ван, Турција.
Турција: Јаткин, Хачиоглу 2, Тинкир 1, Кесер, Озтурк 6, Каракоч 7, Келешоглу 3, Јагмуроглу 1, Кутаја, Челеби, Ајдин 1, Канбероглу 4, Иланц, Дурмаз, Билим 1
Седмерци: 2/4 Исклучувања: 8 мин.
Македонија: Митревски (7 одб), Томовски (3 одб), Манасков 5, Ѓоргиев 3, Талески 7, Маркоски 2, Кузмановски, Костески 1, Георгиевски 3, Младеновиќ, Пешевски 3, Јагуриноски 4, Џонов 2, Серафимов 2, Петров, Атанасијевиќ 2
Седмерци: 1/1 Исклучувања: 12 мин



Македонија ја совлада Турција на гостински терен и практично обезбеди пласман на Европското првенство што ќе се одржи во Германија 2024 година. 

Македонската репрезентација одлично беше тактички подготвена за играта на Турција и како резултат на тоа видовме едно од најдобрит отворања на натпревар на нашата репрезентација воопшто. 
Одбраната функционираше како часовник, Митревски блескаше на голот, Турција од напад во напад беше се понесигурна. Влегуваше и Томовски, им фаќаше пенали, па дури и исклучувањта од би рекле иритантните судии од Австрија немаа големо влијание врз играта.
Во напад одеше како што треба и севкупно за 14 минути игра Македонија имаше водство од 9-0. 

Ова беше многу важни за развојот на мечот затоа што во кратките периоди во кој Турција успеваше да се одбрани или да постигне гол нагло се креваше нивната агресивност и борбеност, а и амбиентот во салата во Ван ја креваше температурата. 

Турците успеаја да го запрат падот или налетот на Макеоднија, во еден момент намалија и на шест гола разлика, но повторно паднаа во играта, а Македонија стигна и до плус 10. На полувреме, како што беше и по 14 минути, плус девет за Македонија. 

Манасков со четири гола, Јагуриноски и Талески со по три, беа најефикасни во првиот дел за македонскиот состав.

Турција во вториот дел почна со седум на шест и во првите два напада постигна голови. Потоа одново си дојдоа работите на своето место. Оваа нивна репрезентација не е доволно добро воиграна за ваквата стратегија и Македонија постигна и лесни голови, па во 39 минута, одново беше плус девет за Македонија (23-14), а потоа со првиот гол на Георгиевски се вративме на плус 10 (24-14) на 20 минути до крајот. 

Македонија влезе во лош период меѓу 40 и 45 минута и Турција намали на минус шест (20-26) на точно 15 минути до крајот на натпреварот. Лазаров побара тајм аут за да го врати фокусот кој им избега во петте минути во домаќинот направи серија од 6-2.

Тоа беше потег во вистинско време, следеа два гола на Георгиевски и еден на Манасков за враќање на побезбедната дистанца од осум гола. 
До крајот немавме проблеми и запишавме победа која не води на ЕП во Германија по две години. 

 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk