Заврши една од најдолгите и најцрните серии во ЛШ

Неделава дојде крајот на една од најдолгите и најцрните серии во Лигата на шампионите.



Турскиот шампион во женска конкуренција, Кастамону забележа победа од 26-23 над Локомотива Загреб во меч од Лигата на шампионите. 
Ова беше прва победа за екипата на Кастамону во Лигата на шампионите, не само сезонава, туку воопшто.
На овој меч му претходеше серија од 18 порази! 

Се обидуваа да ја сменат кармата, доведоа играчи како Јованка Радичеви, Мајда Мехмедовиќ, Милена Раичевиќ, познати црногорски асоови, ја имаа и познатата Хеле Томсен за тренер, но не одеше.

Сезонава Мехмедовиќ е уште во тимот, а пристигнаа засилувања од Бразил, Хрватска, Франција, Ангола и Данска. На клупата имаат Данец, Клаус Могенсен. Конечно, трпението се исплатеше, запишана е првата победа, ставен е крај на серијата. Прашањето е колку долго ќе се чека за втора победа. 
Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk