E. Пелистер доведе бек од Алборг!

Ангажманот на дански тренер во Еурофарм Пелистер има влијание. Пристигна и ново засилување, дански ракометар дојде во Битола. 



Себастијан Хенеберг, ракометар што игра на позиција лев и централен бек е новото засилување за екипата на Е.Пелистер. 
Данецот веќе е во Битола и денеска официјално ќе биде претставен на македонската јавност. 

Се работи за играч што досега играше за екипата на Алборг. Битолчани, односно Ларс Валтер од претходно го сакал овој ракометар, но поради повредата на Микел Хансен, Алборг не сакаше да го ослободи. Сега кога Микел Хансен се врати во игра, Хененберг доби зелено светло за транфер и доаѓа во Битола. 




Дали овој играч може да направи промена во односот на силите со Вардар, во битката за шампионската титула? Тоа допрва ќе го видиме. Се работи за проверен ракометар. Има 28 години, висок е 197 сантиметри и тежок 101 килограм. 
Има играно за Бјерингбро, Елверум од Норвешка и во Алборг е од 2020. Своевремено имаше проблем со повреда, но сега е целосно фит и има настапи за Алборг сезонава. 

Пелистер добива многу повеќе опции во играта со овој ракометар, останува само да видиме колку брзо ќе се вклопи во системот на битолчани и колкав ќе биде придонесот. 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk