Се „чуваше“ ли Турција или толку може?

Со нетрпение го очекувавме дуелот меѓу нашите идни противници, Турција и Португалија, очекувавме жесток натпревар, но од тоа немаше ништо.



Очекувавме голема битка, место тоа видовме комплетна доминација на Португалија. Многу рано Турција се „предаде“, уште во воведните минути кога губеше 4-8, стана јасно дека нема да видиме којзнае колку квалитетен ракомет. 
И така и беше, Португалија прелесно постигнуваше голови, немаше одбрана фаули од противникот, а во цела немоќ, турскиот тим во еден момент се обидоа и со тактиката „седум на шест“. 
Многу лесни голови, било на празна мрежа било од контра напад прими Турција и конечно мечот заврши со големи 44-27. 

Прашањето е дали Турција се чуваше на овој меч или толку и е силата? 
Факт за кој веројатно се свесни во турскиот тим е дека со само еден единствен освоен бод од дуелите со Македонија и Португалија, најверојатно ќе одат на ЕП. 
Тој еден бод сигурно немаше да го освојат во Порто, а веројатно нема ни во Скопје да очекуваат таков расплет. Останува на домашен терен, да се обидат да направат подвиг. 
А веројатно најголемата шанса за такво нешто ја гледаат на мечот со Македонија. Таа средба се игра во недела, во Ван. 


ГРУПА „1“
Македонија - Луксембург    38-24
Португалија - Турција   44-27

ГРУПА „2“
Србија - Финска   34-24
Норвешка - Словачка   38-26

ГРУПА „3“
Чешка - Естонија   31-23
Исланд - Израел    36-21

ГРУПА „4“
Украина - Ф. Острови   29-25
Австрија - Романија   36-32

ГРУПА „5“
Хрватска - Грција   33-25
Холандија - Белгија   25-24

ГРУПА „6“
Унгарија - Литванија   36-23
Швајцарија - Грузија   24-23

ГРУПА „7“
Словенија - БиХ   28-20
Црна Гора - Косово  29-20

ГРУПА „8“
Полска - Италија   30-23
Франција - Летонија синоќа

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk