Озтурк „заглави“ во Скопје, Турција денеска со 15 играчи

Репрезентацијата на Турција денеска ќе биде ослабена на натпреварот со Португалија што ќе се игра во Порто и ќе настапи со 15 ракометари. 



Поранешниот ракометар на Металург, сега член на Охрид, Халил Озтурк не успеа навреме да и се приклучи на репрезентацијата на Турција. Средниот бек на Охрид бил задржан на скопскиот аеродром поради нерегулиран престој. Поконкретно, поради „комплицираната“ историја со неговиот престој во Македонија. 
Озтурк бил задржан, процедурата, формалностите се регулирани, но не стигна навреме да се состане со репрезентацијата и место за Португалија, замина и остана во Турција. 

Турција денеска со 15 ракометари ќе му се спротивстави на силниот португалски состав, а за натпреварот во недела, против Македонија во составот ќе го има и Халил Озтурк. 


 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk