Прими 37 гола, но го реши мечот

Кога голман ќе прими 37 гола на еден меч, тогаш нема многу аргументи за да се вборјува меѓу кандидатите за играч на натпреварот. Но, Андреас Волф прими 37 гола и му донесе победа на Келце во дуелот со Кил. 



Дуелот меѓу Келце и Кил беше ретко видена голијада во Лигата на шампионите. Особено кога станува збор за два врвни тима, а не за голема разлика во квалитет. 
Дури 77 гола видоа фановите кои ја преполнија салата „Легионов“ во Келце. Разиграни беа двата тима, особено во вториот дел се играше гол за гол со тоа што во завршницата главно Кил го диктираше резултатот и покрај тоа што на голот Ландин со вкупно шест и Мрква со само две интервенции беа речиси невидливи. 
На спротивната страна, верувале или не, Волф имаше 16 интервенции и притоа прими 37 гола!
Мечот се прекрши на минута и пол до крајот кога при резултат 38-37, Волф му одбрани пенал на Магнус Ландин. Потоа Келце погоди за 39-37 и победникот беше решен. 

Куриозитет од денешните натпревари во Лигата на шампионите е што на четири од вкупно пет одиграни меча, една од екипите постигнуваше 40 гола или повеќе. 

ДЕНЕШНИ РЕЗУЛТАТИ ЛШ
Келце - Кил  40-37 (19-19)
ПСЖ - Загреб  40-31 (22-14)
Елверум - Барса  30-46 (15-23)
Сегед - Алборг  29-41 (15-17)
Магдебург - Висла  33-27 (17-16)




 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk