Во Струга ќе се игра во чест на Тоше Проески

Пред 10 години, во 2012 година на покана на ракометниот клуб од Нова Градишка, местото каде што на 16 октомври во 2007 година во сообраќајна несреќа загина македонската музичка икона Тоше Проески, гостуваше македонската репрезентација на ветерани со што се воспостави соработка во чест на Тоше Проески што трае и денеска. 



Пoд покровителство на Ракометната федрација на Македонија, првите две години македонската репрезентација на ветерани гостуваше во Хрватска, а потоа се формираше и здружение, по што почна да се организира и меморијален турнир во чест на познатиот пејач. 
Годинава, 15 години по смртта на Тоше Проески ќе се одржи петтиот меморијален турнир, а ќе се игра во Струга. 
Ќе учествуваат 15 екипи од кои девет се машки, а шест се во женска конкуренција. Сите екипи се составени од ракометни ветерани, а ќе настапат и некои од нашите најпознати ракометни имиња. 

Екипата од Нова Градишка годинава нема да учествува на турнирот. Тие ќе дојдат во Македонија една недела подоцна, на официјалниот настан на кој ќе бидат одбележани 15 години од трагичниот настан. 
Тогаш, најверојатно во Прилеп, ќе се игра ревијален натпревар меѓу екипите што ја почнаа оваа традиција. 


 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk