Звучни имиња ќе дојдат во Битола

Одржана е ждрепката за групната фаза од Европската лига. Во Битола ќе дојдат познати имиња. 



Битолчани во ждрепката беа во вториот шешир и се паднаа во групата во која прв носител беше Берлин, тим за кој настапуваат Дејан Милосављев, Матијас Гидсел, Јакоб Холм, Мијајло Марсениќ...

Мотор Запорожје, украинскиот шампион кој функционира од Дизелдорф е вториот противник. Тие се енигма, нивниот состав од познати причини е многу изменет.

Бидасоа беше доделена во групата каде што е Пелистер, за да се запази заштитата во иста група да не можат да играат екипи од иста земја, па така во Битола ќе го висиме и Хулен Агинагалде, легендарниот шпански пивот. 

Скандеборг, екипа во која играат исклучиво Данци стана противник на Е. Пелистер и ги зголеми шансите на нашиот тим на хартија за освојување на повеќе бодови. 

Последниот противник е Акваш Санташ, екипа која е многу респектирана во Португалија поради нивната долга традиција. Тие сезонава се творци на најголемото изненадување, во првото коло го совладаа тимот на Порто. 

ГРУПА Д
Фуксе Берлин
Еурофарм Пелистер
Мотор Запорожје
Бидасоа
Архус Скандеборг
Акваш Санташ

Група „А“ - Бенфика, Кадетен, Татран, Гепинген, Монпеље и Веспрем 2
Група „Б“ - Екс Прованс, Истад, Валур, Флензбург, Бенидорм и ФТЦ
Група „Ц“ - Скјерн, Гранољерс, Балатон, Спортинг, Нексе и Алпла Хард

Сите натпревари ќе се играат во вторник, а првиот е на програмата на 25 октовмри. 






 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk