Билети за Македонија - Луксембург во продажба

Машката сениорска репрезентација на Македонија на 12 октомври го почнува новиот квалификациски циклус, овој пат за квалификации за ЕП 2024. 
Македонија е во група со Луксембург, Турција и Португалија. Премиерата е во Скопје, во среда со Луксембург. 



Денеска РФМ објави дека во петок почнува продажбата на билетите за оваа средба.

„Ракометната Федерација на Македонија ги известува љубителите на ракометот дека сениорската селекција во среда (12.10.2022 г.), со почеток во 19:00 часот во Спортскиот Центар „Борис Трајковски“ во Скопје, ќе го одигра квалификацискиот  натпревар во рамки на Men’s EHF EURO 20024 Qualifiers Phase 2 против селекцијата на Луксембург.
Продажбата на влезници за натпреварот започнува на ден 07.10.2022 година (петок) во 12:00 часот online на интернет-страницата на МК Тикетс (https://mktickets.mk ) а влезници можат да се купат и на сите продажни места на МК Тикетс низ државата.

Продажната цена на влезниците за натпреварот е 50 и 100 денари.
 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk