Колстад, прва жртва на новото правило

Норвешката екипа Колстад, скандинавскиот дрим тим каде што на лето доаѓа Сандер Сагосен, е првата жртва на новото правило на ЕХФ. 



Во второто квалификациско коло, екипата на Колстад се сретна со шпанската Бидасоа, предводена од легендарниот пивот Хулен Агинагалде (Да, се уште игра.) 
Првиот меч заврши со победа на Бидасоа од 30-27.
На реваншот во Норвешка, победи Колстад со 28-25. 
Бидасоа победи со три гола разлика, Колстад победи со три гола разлика и до оваа сезона, тоа ќе значеше дека Колстад оди понатаму затоа што има постигнато повеќе голови на гости. 
Но, ова правило се промени сезонава. Гол на гости, веќе не се брои. 
Ако средбата по 120 минути, на вкупниот резултат е нерешена, се шутираат пенали. Без оглед на тоа кој колку гола постигнал на гости. 

Па така ракометарите на Бидасоа и Колстад застанаа зад линијата од седум метри. По пет успешни пенали на двете страни, Каверо Ечепаре ја доведе Бидасоа во водство. Потоа топката ја зема младиот 21 годишен Магнус Лангеланд. Тој во првата серија беше успешен, но во шестата не и во групната фаза на Европската лига ќе игра Бидасоа. 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk