Преглед: Скратен список на Лазаров, елиминација на Бутел...

Селекторот на машката сениорска репрезентација на Македонија, Кирил Лазаров, го скрати списоот од 35 на 21 кандидат за првите два натпревари од Квалификациите за ЕП 2024. Македонија на 12 октомври игра дома со Луксембург, на 16 ќе гостува во Турција. 
Списокот можете да го погледнете со клик - тука. 



Екипата на Бутел Скопје е елиминирана од Алпла Хард во второто квалификациско коло за пласман во групната фаза од Европската лига. Скопјани беа поразени и на вториот натпревар 21-25. На првиот загубија со 21-26. 
Македонија сега има само еден претставник во Европската лига - Еурофарм Пелистер кој со вајлд карта се пласираше директно во групната фаза на ова натпреварување.

Сензација во Европската лига приреди екипата на Веспрем 2. Тие го елиминираа францускиот клуб Шамбери. Норвешкиот дрим тим Колстад за кого ЕХФ направи преседан за да игра во Европа (не се избори за пласман во Норвешкото првенство), е елиминиран во второто коло од шпанскиот Бенидорм, на седмерци.

Пик Сегед ќе го растури голманското дуо Мирко Алиловиќ и Роланд Миклер. Норвешкиот голман Емил Кери Имсгард, објави дека следната сезона ќе брани за ПИК Сегед. Договорот му истекува на Мирко Алиловиќ, па ако собереме два и два... 



 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk