Европска лига: Веспрем 2 приреди сензација

Реванш натпреварите од второто коло од квалификациите за групната фаза во Европската лига почнаа со сензација. 



Францускиот Шамбери имаше предност од 29-25 од првиот меч и водеше 16-15 на полувреме во Унгарија на мечот со вториот тим на Веспрем. 
Во групната фаза, ќе играат Унгарците. Во неверојатното второ полувреме што го добија со 16-9, а во кое царуваше голманот на унгарскиот состав ги анулираа и минусот од полувремето и од гостувањето во Франција и се пласираа во групната фаза на Европската лига. 

Вечерва подвиг ќе се обиде да направи и Бутел кој ќе игра реванш натпревар со Алпла Хард од Австрија во Скопје. 


 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk