Сегед го растура дуото Алиловиќ - Миклер

Голманското дул Роланд Миклер и Мирко Алиловиќ веројатно ја одработува последната сезона заеднички. Голманското дуо на ПИК Сегед, ќе се растури следната сезона. 



Норвешкиот голман Емил Кери Имсгард, во интервју за норвешки весник објави дека следната сезона ќе биде на голот на ПИК Сегед. Овој 24 годишен голман во моментов е дел од екипата на Елверум. Двата тима играат во истата група од Лигата на шампионите. 

Доаѓањето на Имсгард, веројатно ќе значи заминување на Мирко Алиловиќ. Неговиот договор истекува летово, додека Миклер има договор до јуни 2024. 


 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk