Манасков неизвесен за стартот на квалификациите

Селекторот Кирил Лазаров има проблеми со составување на најдобриот тим во моментов. Дејан Манасков е во скратениот список, но веројатно нема да го видме на премиерниот меч во квалификациите. 



Селекторот Кирил Лазаров има проблем во составување на најдобриот тим во моментов, затоа што повреда пријави еден од поискусните и попознати наши репрезентативци - Дејан Манасков. 

За среќа не се работи за сериозна повреда која подолго ќе го оддалечи од теренот, туку за кратка пауза или можеби поштеда е подобро избран збор за да се опише неговата ситуација.
Дејан Манасков се здобил со удар во ребрата и поради тоа веројатно нема да го видиме на терен на дуелот со Луксембург на 12 октомври во Скопје. Но, сериозно е во конкуренција за настап и веројатно ќе го видиме на терен на првото гостување во квалификациите, на 16 октомври во турскиот град Ван. 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk