Браќата Карабатиќ се Ковид позитивни

Никола Карабатиќ го пропушти натпреварот од Лигата на шампионите во Магдебург, а најверојатно нема да игра ниту против ППД Загреб по четири дена. 
Нема да игра ниту Лука Карабатиќ.



Откриени се причините за отсуството на Никола Каабатиќ на натпреварот од Лигата на шампионите со Магдебург. Можеби најдобриот играч на сите времиња е позитивен на Ковид и затоа не беше во тимот. ПСЖ, патем, многу добро се снајде и без него и запиша убедлива победа на гости над германскиот шампион. 
За следниот меч со ППД Загреб закажан за 6 октомври, Никола Карабатиќ можеби ќе биде, можеби нема да биде во тимот, но речиси сигурно нема да биде во тимот неговиот помлад брат, Лука Карабатиќ. И тој е позитивен на Ковид.
Прашање е дали ќе има и други играчи со оглед на тоа дека додека Никола беше во изолација, Лука играше со Магдебург. 


 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk