Судиите ја откажаа од ракомет

фото: Михаела Еви/Инстаграм

Михаела Еви (34) ракометната кариера ја заврши на само 20 години поради здравствени проблеми. Потоа стана тренер и тоа доста ценет тренер во Романија. Настрана фактот што важи за најсекси тренер во земјата. 



Михаела Еви далеку попозната по изгледот отколку по тренерскиот занает, иако и во тој дел била успешна особено во помладите категории, ги разбуди социјалните мрежи во Романија со објавата дека се повлекува од ракометот поради судиите. 
Михаела Еви е тренер на Бистрица 2, а по натпреварот со екипата на Муреш кој завршил 37-37 имала дуел со судиите. 
Романската федерација ја казни со два меча суспенизија и 150 евра казна, по што следеше објава на ФБ во кој таа вели дека се повлекува од ракометот поради судиите. Имено, арбитрите на тој натпревар направиле 28 грешки на штета на нејзиниот тим. 
Во расправата со судиите по мечот и рекле дека ракометот сега е нивни и дека можат да прават што сакаат и дека нема да бидат казнети. 

Ако не знаевте: Во Романија неодамна претседател на федерацијата стана Константин Дин, поранешен меѓународен судија. 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk