Македонија денеска против Норвешка

Женската репрезентација на Македонија денеска од 16:00 часот ќе го одигра вториот тест натпревар, а противник ќе и биде селекцијата на Норвешка. Норвежанките во Скопје не се со најсилниот состав, но сеедно се работи за атрактивен противник и натпревар што треба да се погледне. 



До почетокот на Европското првенстов на кое Македонија е еден од домаќините остануваат околу 30-тина дена. Деновиве е актуелна Неделата на ЕХФ за женските тимови, а македонската репрезетнација овој перид ќе го искористи за тренинг натпревари со развојниот тим на Норвешка. 

Еден меч се одигра, но тој не беше отворен за јавност, а победи Норвешка со гол во последните секунди од натпреварот (27-26). 
Денеска ќе се одигра вториот меч, на кој влезот ќе биде слободен. Средбата ќе се игра во салата „Борис Трајковски“ со почеток од 16:00 часот. 



 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk