Почна СЕХА Исток: Чеховски победија на премиерата

СЕХА Лига - Исток шампионат со осум екипи од Русија и Белорусија денеска ја имаше својат премиера во рускиот град Чехов. 



Чеховски медведи беа домаќини на СКА Минск и релативно лесно победија на премиерниот меч на источната дивизија на СЕХА. Рускиот шампион славеше победа од 34-26 (19-13) а беше предводен од репрезентативниот бек Димитри Санталов кој постигна осум гола. 

СЕХА Исток е шампионат што официјално не е признат од ЕХФ. Извршниот комитет на ЕХФ донесе одлука за признавање на неколку меѓународни натпреварувања, меѓу нив и на СЕХА, но само на делот со осум екипи што се игра во Македонија, Хрватска, Србија, Унгарија и Словачка. 

Ако не знаевте: Екипата на Нева Санкт Петербург на 3 октомври ќе дебитира во СЕХА Исток со новото име - Зенит Санкт Петербург (според локалните медиуми од С. Петербург).

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk