Романките се спремаат на „Трофеј Карпати“

Романија, еден од противниците на Македонија на Европското првенство што во ноември ќе се одржи и во нашата земја, во Недела на ЕХФ, ќе организира силен турнир. 



Романија, Србија, Австрија и Шпанија се учесници на годинешното издание на турнирот „Трофеј Карпати“ што овој пат во женска конкуренција ќе се одржи во Бистрица. 
Романија е противник на Македонија во прелиминарниот дел од ЕП. Шпанија, би требало да ја видиме во Скопје во рамките на главната рунда. 
Денеска ќе се играат два натпревара во кои се среќаваат Романија и Австрија, односно Шпанија и Србија. 

Ако не знаевте: Турнирот „Тројфеј Карпати“ е еден од најстарите турнири, односно турнири што имаат најмногу изданија. Се работи за турнир што почна на клупско, па се префрли на репрезентативно ниво и во машка и во женска конкуренција.
Романските медиуми пишуваа во 2019 дека тоа е 51 издание на турнирот, што ако е точно и ако воопшто можеме да направиме таква споредба, го прави постар односно со повеќе изданија од турнирот во Струга, а со годинешното издание би можел да го мине и ТВ турнирот во Добој. 


 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk