Камила Херем оди на долга пауза

Поранешната ракометарка на Вардар, Камила Херем, не само што ќе ја прекие серијата од настапи на 17 првенства по ред, туку ќе паузира и малку подолго.



Камила Херем, поранешната ракометарка на Вардар поради повредата на тетивата нема да настапи на ЕП 2022 и тоа ќе биде првото првенство што го пропушта од 2008 година кога дебитираше во Скопје за репрезентацијата на Норвешка. 

Паузата, ќе биде подолга. Херем објави дека е бремена и го очекува своето второ дете. Нејзин сопруг, а воедно и тренер е поранешниот ракометар и репрезентативец Стефан Стегавик.

Камила Херем во 2018 година ги освои насловите на весниците со тоа што се врати на терен по породувањето во рекорден рок. Само 53 откако го доби првото дете, повторно беше во акција на теренот. 
Четири години подоцна можеби ќе оди по истото сценарио, со тоа што веруваме како таргет во кариертата го има и настапот на Олимписките игри во Париз во 2024.

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk