ЛИГА НА ШАМПИОНИ:
ППД ЗАГРЕБ - ПОРТО 29-23 (16-15)
Дибиров 11 - Митревски 8 одб.
ВЕСПРЕМ - ДИНАМО (Б) 33-30 (15-17)
Јахија 5, Ненадиќ 5 - Кашпарек 7, Кудуз 6
АЛБОРГ - КЕЛЦЕ 28-30 (15-17)
Сандел 5, Микел Хансен 4 - Морито 6
МАГДЕБУРГ - ПСЖ 22-29 (10-18)
Вебер 7 - Криштопанс 5, Соле 5, Пранди 5
Продолжи лошата серија на Порто кој сега е осум натпревари без победа во Лигата на шампионите. Вечерва имаа идеален противник за да ја прекинат серијата, гостуваа во Загреб, но не беа на нивото. Дури и хаотично на моменти изгледаше водењето на екипата која реално има повисок квалитет од противникот.
Никола Митревски одбрани осум шута, а симна и седмерци на Дибиров и Чупиќ. Тимур Дибиров пак постигна 11 гола и заличе на оној Дибиров од шампионскиот Вардар. На крајот ППД Загреб уште и убедливо победи.
ПСЖ без Никола Карабатиќ гостуваше кај шампионот на Германија, Магдебург. И доминираше, особено во првиот дел што го доби со 18-10. Потоа беше полесно до 29-22.
Преполната сала во Алборг го виде првиот пораз на своите миленици во ЛШ. Данскиот тим е силен, но далеку е од дрим тим. Посебно од дрим тим што игра и добра одбрана. Против Келце на Талант Душебаев имаа малку шанси. Имаа контрола Полјаците имаа и водство од 27-21 пред да се врати за момент на минус два данскиот состав во кој по 26 постигнати гола без промашување, конечно видовме и утка од Микел Хансен. И тоа од седмерец. Андреас Волф ја запре неговата серија.
Динамо Букурешт одигра уште еден борбен и резултатски израмнет натпревар. Имаше и водство, а Веспрем со пресврт успеа да го добие мечот и да ги запише бодовие.