Извлечени групите во Младинската лига

Ракометната федерација ги одреди групите за првенствата во младинска категорија. Системот е променет и во оваа првенствена сезона ќе играат 17 екипи во машка конкуренција поделени во две групи и во женска конкуренција со 10 екипи исто така поделени во две групи. 



Во машката младинска конкуренција ќе се натпреваруваат 17 екипи што се поделени во две групи.
Група „А“ - Запад
Филип ИС10, Охрид, Е. Пелистер, Е. Пелистер 2, Прилеп, Струга, Голден Арт Аеродром, Пролет 62 и Бутел Скопје
Група „Б“ - Исток
Овче Поле, Текстилец, Младост 1977, Тиквеш 2014, Куманово, Мулти Есенс, Јуниор Кисела Вода, Македонија Ѓ. Петров. 

Шампионатот ќе се игра по принципот дома-гости при што секоја екипа ќе игра со сите други во групата. На крајот, по формирањето на конечната табела, двете најдобропласирани екипи од секоја група ќе обезбедат пласман на Фајнал фор турнирот. Таму ќе се игра по принципот 1А - 2Б, 2А - 1Б. 

Во женска конкуренција екипите според ждрепката се поделени на следниве две групи:

Група „А“
Сани, Стружанка, Вардар, Илинден, Шампион
Група „Б“
Делчево Вардар, Куманово, Металург, Ѓорче Петров. 





 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk