Карабатиќ нема да игра на ОИ Париз?

Францускиот весник „Ле Парисиен“ објави текст со нота на сензационализам во кој вели дека Никола Карабатиќ ќе ја заврши кариерата во јуни.



Ле Парисиен вели дека Никола Карабатиќ ќе ја заврши играчката кариера кога ќе му истече актуелниот договор со Пари Сен Жермен. Тоа треба да се случи во јуни. Ако навистина биде така, тогаш еден од најдобрите на сите времиња нема да игра на Олимписките игри што се одржуваат во неговиот град - Париз 2024. 
Нема потврда од Никола Карабатиќ дека е така. 
Можеби по оваа најава на францускиот весник ќе следи нова понуда за продолжување на договорот на Карабтаиќ за уште една сезона по што ќе биде во играчка форма за Олимписките игри. Ако тоа не биде случај, дали ќе го видиме во дрес на некоја друга екипа, барем за една година или веќе нема да го гледаме на терен? 







 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk