Поранешен вардарец три месеци аут, неизвесен за СП!

Поранешниот пивот на екипата на Вардар, Рожерио Мораеш можеби ќе го пропушти Светското првенство во Полска и Шведска. 



Бразилскиот пивот Рожерио Мораеш, освојувач на шампионски пехар од ЛШ со Вардар и можеби ќе го пропушти и Светското првенство во Полска и Шведска.
Мораеш во моментов е ракометар на Мелзунген, каде што игра под водство на Гарсија Парондо, а минутажата на линијата ја дели со Глеб Калараш, се повреди. Настрада шутерската рака и тој ќе мора да мине надвор од теренот околу три месеци. 
Мораеш се повреди на натпреварот со Ерланген. Последните 20 минути ги играше повреден, придонесе за неговиот тим да одигра нершено, а потоа му беше детектирано оштетување на горната и долната тетива на десниот палец. Хируршка интервенција е неизбежна. 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk