Крумхолц упорен, ќе ја чека Лакрабер до последен момент

Европската ракометна федерација денеска ги објави составите на 16-те репрезентации што ќе се натпреваруваат на Европското првенство во Македонија,Словенија и Црна Гора. 



Нешто повеќе од еден месец останува до почетокот на Европското првенство што ќе се игра во Македонија, Словенија и Црна Гора. 
ЕХФ денеска ги објави официјалните состави на репрезентациите, оние пошироките списоци од 35 играчи од кои подоцна ќе се формираат финалните ростери на екипите. 

Оливие Крумхолц, селекторот на Франција, репрезентација што ќе игра во Скопје во прелиминарниот веријатно и во главната рунда на натпревари во 35-те ракометарки ја смести и Александра Лакрабер. Десниот бек играше во Вардар своевремено, сега е дел  од Рапид Букурешт. Таа во декември објави повлекување од репрезентацијата, во ист период како и уште една поранешна ракометарка на Вардар од Франција - Сираба Дембеле.

Сираба Дембеле не е во составот, додека Ларабер која има над 250 настапи за Франција и постигнато над 800 гола останува во улога на џокер. Не веруваме дека ќе ја видиме во Скопје во прелиминарниот дел, но во вториот дел од шампионатот, особено како Франција стигне до финалниот викенд, тогаш... 

Ако не знаевте: Стручниот штаб на француската репрезентација брои 16 лица. 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk