Тулуз го посрамоти ПСЖ, Пешиќ и брани и погодува

Последен пат ПСЖ беше поразен во францускиот шампионат во април 2021. Од Нант, тесно, во ситуација кога шампионскиот пехар беше обезбеден. 
Дега е поразен по три кола и тоа од Тулуз и тоа се спасуваше да не биде минус десет.



ПСЖ минатото првенство го заврши со сите победи во шампионатот. Во ЛШ не мина најдобро, па стигна и најавеното кратење на буџет, кое на крајот излезе и дека не е којзнат какво кратење, затоа што од 17.8 милиони, сега имаат 16.2 милиони за трошење. А тоа е барем три милиони повеќе од Кил и речиси двојно повеќе од вториот во Франција. 

Тулуз не е меѓу екипите што имаат голем буџет речии пет пати помалку пари имаат од парижаните. Но, во ПСЖ резултатите одамна не соодвествуваат со буџетот, а годинава по само три кола ја доведоа во прашање и шампионската титула. 

Тулуз водеше цел натпревар, имаше водство од 10-5, 12-10, 20-15, за во вториот дел во финишот разликата да биде плус девет - плус осум. ПСЖ се спаси од двоцифрен пораз, но останува разочарувањето. 

Ако не знаевте: Нант е сега лидер во Франција. Од нивните редови замина одличниот голман Емил Нилсен, но новодојдениот Иван Пешиќ им е полн погодок. 
Тој на натпреварот со Иври (33-28) имаше 19 одбрани, но беше и втор стрелец на тимот со 4 гола од 5 шута. 


 
Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk