Кузмановски, конечно, на терен

Во вистински момент, на само две недели до првиот меч од квалификациите за ЕП 2024, македонскиот репрезентацивец Филип Кузмановски се врати во игра по повредата.

 

По три натпревари на кои беше на клупата, но не и на терен, Филип Кузмановски, конечно, се врати во игра во својот Хановер, во вистински момент за македонската репрезентација која по две недели ги почнува квалификациите за ЕП. 

Филип Кузмановски постигна еден гол на натпреварот меѓу Хановер и Кил. Средба во која Хановер водеше со четири гола разлика на петнасететина минути до крајот, но Кил успеа да го сврте резултатот и да победи 29-27.

 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk