Бутел Скопје пред портата на Европската лига

Еурофарм Пелистер 2 го заврши својот настап, Е. Пелистер уште ги чека имињата на противниците, а меѓу тие два настани и настапи, на сцена ќе се појави и Бутел Скопје.



Бутел Скопје утре во Австрија ќе го одига првиот натпревар од последното квалификациско коло за пласман во групната фаза на Европската лига. Противник на скопскиот тим е екипата на Алпла Хард, австриски вице-првак и екипа што во првото квалификациско коло го елиминираше Еурофарм Пелистер 2. 

Какви се шансите на македонскиот претставник е неблагодарно да прогнозираме, но австрискиот состав ќе ја има улогата на фавори на овие два дуела. 
Ако успее да се пласира во нареднаа фаза, Бутел Скопје ќе биде во групите од ЕЛ што ќе биде многу важно за ранкинот во ова натпреварува за следната сезона. 

Европската лиха не само што ќе има посебен ранкинг од ЛШ и Европскиот Куп, туку го менува и форматот на натпреварување, па така следната сезона во групната фаза место сегашните 24, ќе има 32 екипи. 


 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk