Барса го преживеа синдромот „Вардар“

Барса го совлада Келце во дербито на второто коло од Лигата на шампионите, на натпревар на кој не му недостасуваа возбудувања.



Првиот дел во полната „Блау грана“ се претвори во голманско шоу на новодојдениот Емил Нилсен во редовите на Барса. Данецот имаше 11 интервенции, а неговото остварување беше изгледаше многу поголемо затоа што на спротивната страна Волф и Корнецки имаа само 1 одбрана во првиот дел. Барса, предводена од Фабрегас, Мем и Н'Гесан на одмор замина со голема разлика од 5 гола. 
Веднаш на стартот зголемија и на плус шест, но како и во полуфиналето од ЛШ во 2019 со Вардар, попуштија со дисциплината, Андреас Волф почна да брани на свое ниво и по 15 минути Келце беше само еден гол зад Барса. 
За да не се повтори синдромот „Вардар“ подеднакво како и домашните се погрижија и гостите. Две непотребни, несмасни исклучувања, прво на Каралек, потоа и на Морито го сменија ритамот на игра на Келце. Се размавна Мелвин Ричардсон, Гонзало Варгас кој влезе на местото на Нилсен одбрани неколку шута и Барса ја одржа разликата. 
Келце беше опасен до самиот крај, неколкупати беше само на минус два, но во клучните моменти одбраната на Барса беше врвна, се направи шанса и за лесен гол и конечно со 32-28 ја запечатија средбата. 


РЕЗУЛТАТИ:
ГОГ - Динамо (Б)  38-38 (21-20)
Нант - Сегед  35-30 (17-15)
Барса - Келце  32-28 (18-13)
Магдебург - ППД Загреб  35-25 (17-12)


 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk