Е. Пелистер ќе лета со струшки крила до 2025

Е. Пелистер ќе „лета“ со струшки крила до 2025 година. По вчерашната промоција на десното крило Ненад Костески, денеска е официјализирано дека има продолжение на соработката и со левото крило Цветан Кузманоски.



Цветан Кузманоски е производ на школата на Струга, клуб во кој две години по ред беше најдобар стрелец во Суперлигата. Се пресели во Еурофарм Пелистер 2 и веднаш се наметна во тимот на Александар Јовиќ. Во февруари 2021 беше прекомандуван во првиот тим, односно тимот што тогаш го водеше Жељко Бабиќ. Кузманоски има репрезентативен статус и во сениорскиот тим на Македонија. 

„Ова е моја трета сезона во Битола. Задоволен сум, се навикнав на оваа  средина. Голем напредок во кариерата ми е што се префрлив во првиот тим, стигнав и во репрезентација и се надевам дека оваа сезона ќе ја оствариме нашата цел, да ги донесеме титулите во Битола“, изјави Кузманоски.

Со новиот договор, Цветан Кузманоски и Еурофарм Пелистер се обврзаа да соработуваат најмалку до 2025 година. 
Битолчани со овие два потписа и тоа што го имаат Жарко Пешевски под договор од три години, прават солидна конструкција на тимот од македонски играчи што е неоходно во првенственото натпреварување. 


 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk