Битолчани ги поделија бодовите

E. ПЕЛИСТЕР 2 - Е. ПЕЛИСТЕР 28-28  (14-12)



Резултатска сензација е случи денеска во Битола. Помладиот, Еурофарм Пелистер 2, одигра нерешено со вицепрвакот Еурофарм Пелистер со што беа на чекор да ја повторат ланската сензација кога беа подобри од Вардар. 
Помладиот битолски клуб беше блиску до победа, водеше два гола разлика (28-26) на минута и пол до крајот на натпреварот, но во последните два напада не успеа да постигне гол, а првиот битолски состав со реми дојде со погодок на десетина секунди до крајот на средбата. 

Претходно, во текот на најголемиот дел од натпреварот водеше „двојката“, Тие водеа уште од првиот дел, кога минусот од два (9-11) го претворија во водство од 13-11, за на полувреме да биде 14-12. 
Во вториот дел постојано водеше „двојката“. Е. Пелистер израмни на 18-18, потоа краток период се играше гол за гол, а потоа Е. Пелистер 2 одново поведе со два гола разлика и така беше до 59 минута. 

Ова е значаен бод за „двојката“ што сигурно нема да им се допадне на ривалите Т. Пролет, ГРК Тиквеш итн. во трката за Плеј оф и подобра позиција во разигрувањето. 

Петар Атанасијевиќ со седум, Мартин Ивановски со шест и Павле Петровиќ со пет гола беа најефикасни во „двојката“, додека за првиот тим Мирко Радовиќ постигна девет, Осама Хосни пет, а Мухамед Суски четири бода. 




 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk